X
 27.02.2017 Култура

Како Ниче стана најнеразбраниот филозоф?

Ако Ниче важи за најнеразбраниот филозоф во историјата, тогаш оваа констатација содржи две претпоставки: 1) Дека луѓето читаат филозофија и 2) Дека луѓето го читаат Фридрих Ниче. Но, можеби ниедно од двете нешта не е сосема точно. Мноштво луѓе се запознаваат со неговата филозофија преку филмот и телевизијата: Good Will Hunting, True detective, Coming to America

Доколку неколку луѓе читаат филозофија, особено Ниче, тогаш зошто неговото име е толку познато и зошто неговите идеи се толку искривени? Поради тоа што луѓето кои малку го читаат Ниче, прават филмови и телевизиски емисии. Кај многумина тој се појавува како „мрднат“ нихилист без скрупули и без почит за човечкиот живот. Најзлобен случај со первертирањето на Ниче се извлечените тези на неговата сестра кои звучеле нацистички, а поради кои подоцна тој се нашол во устите на Нацистите, кои често го цитирале.


Фото: Pixabay

Афористичкото мајсторство и неговата жестока полемичка природа еманирале преку славните изреки: „Бог е мртов“, „Тоа што нема да нè убие, нè прави посилни“ итн. Ако го повикаме контекстот во кој се изречени овие мисли, ќ
е сфатиме колку погрешно сме ги толкувале. Во видеото што ви го пренесуваме, авторите Шон Ариех-Лерер и Даниел Хабард објаснуваат како Ниче стана „најпогрешно претставениот филозоф во Холивуд“. Продуцентите на видеото велат дека, всушност, Ниче бил многу суптилен мислител и двете најголеми заблуди поврзани со него, дека бил нихилист и антисемит, ја извитопериле неговата филозофија. Ниче им напишал писма до своите во семејството и до пријателите, порачувајќи им да престанат да бидат антисемити (нарекувајќи ги антисемитите „абортирани фетуси“). Тој го прекинал своето интензивно пријателство со славниот германски композитор, Рихард Вагнер, делумно поради нескриениот антисемитизам на музичарот.

Ниче бил далеку од одобрување на нихилистичките идеи, напротив, тој го изразувал стравот од нивниот подем и од последиците што ќе произлезат. Но, се поставува прашањето како станал миленик на Нацистите? Извртувањето на неговите тези од страна на читателите од неговото време до денес, се должи на неговото шокантно (во поглед на рецепцијата) отфрлање на јудео-христијанскиот морал, кое било протолкувано како отфрлање на човечките вредности. Спротивно на тоа, Ниче зборувал за „ревалоризација на вредностите“, односно „нов, речиси неопислив вид светлина, среќа, ослободување, развеселување, охрабрување, разденување“.       

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура