Сакате да пиете црно кафе без млеко и други додатоци? Тогаш веројатно ви се допаѓа и темното чоколадо, според ново истражување. Според истражувањето, гените можеби се виновни зошто сакате црно кафе и темно чоколадо.
Тоа е добро за вас бидејќи според претходни истражувања, умерената консумација на црно кафе го намалува ризикот за одредени болести, како Паркинсонова болест, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и повеќе видови рак. Овие поволности се поголеми кога кафето се пие без млеко, шеќер и други додатоци.
Мерилин Корнелис, професор по превентивна медицина на медицинската школа „Фајбнерг“ при Северозападниот универзитет, во претходно истражување открила дека генска варијација можеби игра улога во причината зошто некои луѓе повеќе сакаат кафе од другите. Според неа, станува збор за специфичен ген кој побргу го преработува кофеинот, па затоа ефектот од кафето побргу исчезнува.
Фото: Pixabay
Сега, во ново истражување, професорката ги анализирала луѓето според нивните навики кога станува збор за пиењето кафе. Таа открила дека испитаниците со генската варијација откриена претходно претпочитаат чисто и црно кафе. Истата генска варијација била пронајдена кај лицата што претпочитаат да пијат чај без шеќер или засладувач и темно и горчливо чоколадо.
Според Корнелис, луѓето со овој ген претпочитаат црно кафе и темно чоколадо бидејќи го поврзуваат горчливиот вкус со психолошкиот ефект за стимулација на работата на мозокот.
Извор:
CNN
Фото: Pixabay