Европската Унија повторно го одложи воведувањето на европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), и тоа за следната година. Не се наведени точниот датум и месец, пренесува порталот „Шенген виза инфо“.
ЕУ не објави официјално известување за промената, но променет е датумот за воведување на системот на веб-страницата на Европската комисија. Наместо ноември 2023, таму сега стои само годината 2024.
- Се очекува европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС) да почне да функционира во 2024 - стои на веб-страницата.
ЕУ претходно го одложи воведувањето на ЕТИАС за ноември 2023 наместо мај 2023.
Извор:
Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay