Молдавија ја нарекуваат најсиромашна држава во Европа, но таа има нешто што не е видено никаде на друго место. Станува збор за најголемиот вински подрум во светот.
„Милестии Мици“ е името на комплексот кој бил изграден во 1969 година со цел складирање висококвалитетни вина. На влезот од винскиот подрум има винска фонтана, а температурата во просториите се движи од 12 до 14 Целзиусови степени.
Некои од вината таму се чуваат со децении. Во винскиот подрум има 2 милиона шишиња вино, од кои повеќето се црвено вино, 20 отсто се бело вино, а 10 отсто се десертно вино.
Подрумот се простира на површина од дури 200 километри, иако во употреба е само мал дел од 55 километри. Од 2005 година винскиот подрум се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди како најголема колекција на вино во светот.
Самиот подрум е како град со улици кои носат имиња на сорти. Низ него може да се возите со велосипед, па дури и со автомобил.
Молдавија е голем произведувач на вино илјадници години, а за време на Советскиот Сојуз државата произведувала вино за сите републики. Во винскиот подрум може да се видат превозните средства што ги користеле Владимир Путин, Ангела Меркел и Џо Бајден кога биле во посета, како и најскапите вина во светот и егзотични вина со лековити билки.
Влезот чини 25 долари, а раскошна вечера со дегустација чини речиси 200 долари.
Извор:
Dnevnik
Фото: Milestii Mici