Научниците открија дека Месечината полека се оддалечува од планетата Земја со брзина од 3,8 сантиметри годишно.
Иако ова би можело да звучи како луда идеја, според НАСА, Месечината го прави токму тоа. Со оглед на тоа што Месечината е стара 4,5 милијарди години, се чини дека се обидува да се оддалечи од планетата Земја.
Станува збор за таканаречени „Миланковиќеви циклуси“ каде што малите промени во орбитата на Земјата околу Сонцето го менуваат количеството сончева светлина што го прима планетата.
Овие циклуси можат да имаат големо влијание врз климата на нашата планета и да остават докази во самата земја, а со проучување на стариот седимент, може да се измери „нишањето“ на Земјата и да се открие колку далеку била Месечината пред неверојатно долго време.
Тие откриле дека пред околу 2,46 милијарди години Месечината била околу 60.000 километри поблиску до Земјата отколку што е сега, што би резултирало со 17-часовни денови на планетата.
Фото: Screenshot/YouTube