Отсега сите ќе можат да го набљудуваат овој природен феномен од своите домови со оглед на тоа што е овозможен пренос во живо на поларната светлина.
Сезоната на видливост на поларната светлина позната и како аурора бореалис обично трае од декември до април, но патувањата на места каде што таа е најдобро видлива се забранети поради пандемијата на коронавирусот.
Наскоро сезоната на видливост ќе заврши, а не се знае до кога ќе трае вонредната состојба.
За среќа, сега имате можност целосно да му се препуштите на овој неверојатен феномен преку онлајн-стриминг благодарение на истражувачкиот тим кој постави камера во Черчил во Манитотоби, Канада. Ова место е познато по тоа што нуди неверојатен поглед на
аурора бореалис.
Фото: Pixabay