X
 08.05.2020 Живот

Сега имате можност онлајн да уживате во цутењето на дивите цвеќиња од целиот свет

Многу области низ целиот свет се прекриени со разнобојни диви цвеќиња во овој период од годината, но поради ограничувањата, не можеме лично да ги видиме.

Но, утеха ни е фактот што интернетот ни нуди уникатна можност да уживаме гледајќи го нивното цветање онлајн.

Националниот фонд во Велика Британија создаде 20-минутно вирутелно видео од цветањето на ѕвончињата, користејќи свои архивски видеа. Речиси половина од овој вид цвеќиња во светот растат во Велика Британија. Топлото време предизвика тие порано да расцутат во многу области, а вие сега можете да уживате во бавните ТВ-снимки од цвеќињата.



Годишното цутење на булките во кањонот Вокер во Калифорнија привлекува голем број туристи, но сега оваа област е затворена за јавноста. За да охрабри социјално дистанцирање, овој град постави камери во живо на самото место за гледачите да можат да уживаат во цутењето на булките. Тука можете да уживате во глетката.

volter
Фото: Screenshot/YouTube

Градот Вашингтон, пак, ги охрабрува луѓето да уживаат во цутењето на црешите преку онлајн-посета. Можете да ја посетите нивната „блумкамера“ тука и да видите каква тура нуди Националниот фестивал на цутење на црешите.

1
Фото: Pixabay

Во моментот во паркот „Хијачи“ во Јапонија цутат цветовите на цвеќето немофила, познато и како „бејби-блу очи“. Бидејќи паркот е затворен за јавноста, направени се фотографии што прикажуваат 5,3 милиони цвеќиња во нивниот цут.

View this post on Instagram

足元に広がる花の海。 みはらしの丘のネモフィラが<見頃>となりました。 ※新型コロナウイルス感染症の更なる感染拡大防止のため、臨時休園しております。 当アカウントでは、 #ひたち海浜公園と私 をつけて投稿していただいた方のお写真もご紹介していきます。たくさんのご投稿をお待ちしております。 #ひたち海浜公園#hitachiseasidepark#茨城#花好きな人と繋がりたい#花のある暮らし#igで繋がる空#花部#写真好きな人と繋がりたい#ファインダー越しの私の世界#茨城カメラ部#茨城フォト倶楽部#誰かに見せたい風景#ネモフィラ#nemophila#みはらしの丘#家で過ごそう#StayHome#ひたち海浜公園と私#art_of_japan_ #team_jp_#iGersJP#reco_ig#good_portraits_world#daily_photo_jpn#best photo_japan#jp_mood#love_bestjapan#ibarakiphotoclub#northoftokyo

A post shared by 国営ひたち海浜公園【公式】 (@hitachikaihin) on


Во овој период од годината Холандија обично е прекриена со прекрасни лалиња. Овогодишната цветна изложба „Кеукенхоф“ мораше да биде откажана, но беше лансирана виртуелна. „Кеукенхоф виртуали опен“ нуди серија видеа што покажуваат како изгледаат паркот и градината, вклучувајќи и видео од прекрасни зумбули и од лалињата.



Извор: Lonely Planet
Извор: Albertdros.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот