X
 16.02.2015 Образование

Студентите од УГД имаат нешто да кажат



Анонимен студент од универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ни пиша денес за да ни пренесе информација. Имено, денес, околу 14 часот, петмина студенти излегле пред споменикот на Гоце Делчев на Кампус 2 за да го изразат своето незадоволство за воведувањето на новите законски реформи во високото образование.



Како што пишува студентот, голем број од нивните колеги, како и тие самите, чувствуваат страв да излезат гласно да го кажат тоа што не им се допаѓа. Затоа, тие ни испратија фотографии од пораки со кои се покриени нивните лица со надеж дека тоа ќе допре и до нивните колеги кои сакаат да се продолжи со иницијативата.

Но, со овие фотографии дознаваме и дека студентите од УГД, впрочем, имаат страв да се борат за своите права бидејќи доколку го сторат тоа би имале проблеми со професори и лица од повисоко.



„Сакаме нашите колеги-пленумци да знаат дека ја имаат нашата поддршка уште од самиот почеток“, пишуваат тие.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование