X
 27.04.2018 Наука

Човечки мини-мозоци растат во тела на глувци

Технологијата за матичните клетки е толку многу напредната, што научниците можат во лабораторија да израснат минијатурни верзии на човечкиот мозок, наречени органоиди или мини-мозоци. Сепак, медицинските етичари се загрижени за неодамнешниот развој на ова поле, вклучително и растењето на овие мини-мозоци во други животни. Овие грижи најверојатно се зголемија по годишниот состанок на Друштвото за невронаука во Вашингтон, каде што два тима научници претставија претходно необјавено истражување за неочекуваната интеракција меѓу човечките мини-мозоци и нивните домаќини - глувците.

Во новите известувања научниците наведуваат дека органоидите преживеале одреден период (во еден случај два месеца) и дури и се поврзале со циркулаторниот и нервниот систем на животните од лабораторијата, пренесувајќи крв и нервни сигнали преку животното-домаќин и всадените човечки клетки. Ова е невиден напредок во истражувањата на мини-мозоците.

Тоа што мини-мозоците можат да бидат израснати во лабораториите е голем напредок бидејќи тие имаат многу исти карактеристики како и човечките мозоци кога се во рана развојна фаза. Иако не се „живи“ во иста смисла на која сме ние, тие растат и дури и можат да реагираат на сличен начин на стимуланси како психоделични дроги. Органоидите најверојатно ќе направат револуција во истражувањето на човечкиот мозок бидејќи научниците можат да извршат тестирања врз нив кои не би било етички да пробаат да ги вршат врз живи луѓе.

1

Фото: Juan Carlos Izpisua Belmonte, The Salk Institute

Научниците дебатираа дали ваквите мозоци се „свесни“, но фактот дека можат успешно да бидат всадени во лабораториски животни создава нови етички грижи за истражувачите што работат со нив. Една од најголемите грижи во сценариото со мини-мозоците е дека овие органоиди можат да пораснат до понапредни нивоа во лабораториските животни, што ја прави поитна дебатата за свесноста на мини-мозоците.

Ставањето човечки структури во животни создава загрижувања и дека медицинските истражувања одат предалеку во непозната територија и дека тоа се одвива премногу брзо.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука