Имам 8,5-месечно бебе, му ја даваме сета љубов и внимание, но има нешто за кое не знам како да постапам. Доколку не му дозволам нешто што го сака, тој почнува да плаче и да се дере додека не го добие. Исто така, и кога ќе ја види неговата баба, престанува да јаде, не дава да го пресоблечам и почнува да плаче затоа што сака да оди кај неа. Со неа си играат на друг кат. Не знам како да постапам за тоа што кога е со неа, не сака да дојде кај мене, а кога ќе го земам, почнува да плаче. Нема ограничено време за играње со неа, а доколку не ја гледа, си јаде нормално, го пресоблекувам насмеан затоа што сака кога е гол и си играме заедно. Ве молам за совет, како да постапам.
Ова е прашање на читателка упатено до психолозите на
Деца.мк.
Одговорот на Радмила Живановиќ прочитајте го на овој
ЛИНК.