За да не мораат сами да ве убиваат, ве заразија со чекањето кое ве одржува во живот и полека ве убива.
И така, молчешкум прифаќајќи ги условите на живот кои ви ги поставува непријателот, живеете онака како што сака тој; всушност и не живеете, туку трпеливо чекате, сè додека целиот ваш живот, заедно со она што сте го очекувале, не се претвори во трпение и бескрајно чекање, што значи дека сте го прифатиле тој начин на живот, а тоа е исто што и патот до доброволен пропаст за себеси и за вашето потомство.
Ќе овенете и исчезнете како што овенаа и исчезнаа толку предци и народи во Османлиската Империја, на ист или на сличен начин.
Не ни забележаа дека од патот на вистинскиот живот незабележливо се префрлени на мртвиот ќорсокак на чекање и цел. Не чувствувајќи го тоа чекање како товар или понижување бидејќи и сами се претвориле во чекање.
Да се зарази некого со чекање е најсигурен начин за владеење со него, а тоа значи да се направи човек неподвижен и целосно и засекогаш безопасен; таа измама со чекање е потврда од било кој затвор и посилна од најсилните окови, затоа што, со многу среќа и вештина, од затворот може да се побегне, и од оковите човек може да се ослободи, но од измамата никогаш!.
Сè што сте и што знаете, сè што умеете и можете е во служба на тоа чекање без крај без никаков изглед за реализирање. На некои векот секогаш им поминува во мачно и залудно чекање, а на другите и без најмалку да го чекаат она што го сакаат и она за кое се надеваат.