X
 27.04.2022 Живот

Експерт објаснува како се прогласува трета светска војна

Од почетокот на војната во Украина се споменува можноста за трета светска војна. Што, всушност, е светска војна? Кога се прогласува? Одговори дава професорот од Факултетот за политички науки во Загреб, Бошко Пицула.

Уште од почетокот на руската инвазија врз Украина, многумина стравуваа од почеток на нова светска војна. Експертот за меѓународни односи, професор на Факултетот за политички науки во Загреб, Бошко Пицула, го објасни значењето на светската војна и даде примери на големи војни од минатото.

- Втората светска војна генерално е најголемиот глобален конфликт во кој беа вклучени повеќето водечки светски сили и нивните сојузници - вели Пицула. Како пример ја наведе и „нултата светска војна“. Според Пицула, седумгодишната војна, водена помеѓу 1756 и 1763 година, има елементи на Втората светска војна и често се нарекува „Нулта светска војна“.

- Првата светска војна првично беше наречена Големата војна, иако подоцна го доби името, некаде околу 1914 година, додека за Втората светска војна се зборуваше уште пред да започне - објаснува Пицула.

Тој посочува дека имињата најпрвин почнале да ги користат научниците и новинарите.

kiev
Фото: Freepik

- За трета светска војна се зборува уште од почетокот на Студената војна во 1945/46 година, како закана од конфликт меѓу две суперсили, САД и Советскиот Сојуз и нивните блокови. Во двете светски војни учествуваа земји од сите континенти, што е еден од критериумите за глобален конфликт - објаснува Пицула.

Тој вели дека сите со добри намери веруваат дека руската воена инвазија врз Украина нема да ескалира во поширок конфликт, особено не во конфликт со членките на НАТО и дека ќе заврши што е можно поскоро.

Дури и во случајот со конфликтот меѓу Западот и Русија, во прашање е и позицијата на Кина, забележува Пицула - без која денес е невозможно да се замисли динамиката на меѓународните односи, вклучително и безбедноста.

- Војната во Украина останува (источно) европска војна со желба никој да нема можност да „прогласи нов светски конфликт“ - заклучува експертот за меѓународни односи.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот