X
 02.03.2022 Политика

Одбивајќи да го следи протоколот, го спасил светот од нуклеарна катастрофа

Станислав Петров спречил нуклеарна војна во 1983 година. Рускиот воен офицер на компјутерски систем во својот бункер, на 26 септември, видел предупредување дека од САД кон Москва се упатени пет ракети со нуклеарни боеви глави. Неговата работа била да регистрира какви било непријателски проектили. Кога конечно ги видел, се вџашил.

- Сирените завиваа, но јас само стоев неколку секунди гледајќи во големиот црвен екран на кој пишуваше „лансирање“ - раскажал тој години подоцна.

- Минути подоцна, беше лансиран втор проектил. Па трет, четврти и петти. Компјутерот го смени предупредувањето од „лансирање“ во „ракетен напад“ - изјавил тој.

Петров открил дека немало точно правило за тоа колку треба да размислува пред да им го пријави нападот на претпоставените. Но знаел дека секое одолжување е од пресудна важност. Тој само требало да ја крене телефонската слушалка, но не можел.


Петров имал сомнежи и знаел дека неговата одлука значи можен почеток на нуклеарна војна и крај на светот каков што го познаваме. Според протоколот, тој требало да ја извести војската, но наместо тоа, пријавил дефект на системот. Тој знаел дека доколку згреши, за неколку минути ќе се слушне првата нуклеарна експлозија.

- 23 минути подоцна сфатив дека ништо не се случило. Да беше вистински напад, веќе ќе знаевме за него. Тоа беше вистинско олеснување - изјавил Петров.

Иако Петров го спасил светот од нуклеарна катастрофа со испалување на руските ракети како реакција на непостојните американски ракети, тој бил префрлен на работно место со понизок ранг.

По распаѓањето на СССР, неговата приказна стигнала до медиумите и тој добил многубројни меѓународни награди. Станислав Петров починал на 9 мај 2017 година во Русија, на 77-годишна возраст.

Извор: Dnevnik
Насловна фотографија: BBC (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика