X
 19.05.2018 Живот

Земјата буквално го голта овој руски град

Кон крајот на 19 век е изграден град над еден од најголемите рудници за сол на светот. По 140 години тој рудник сѐ уште е во функција, а граѓаните имаат проблеми бидејќи градот едноставно тоне.

Березники е град со 150.000 жители и се наоѓа на падините на планината Урал и е изграден точно над рудник со многу тунели.

Ова подрачје е богато со калиумова сол, а Русите одлучиле тоа максимално да го експлоатираат. И додека под земјата вредно работеле рударите, над рударските окна луѓето си живееле нормално, си работеле, децата оделе на училиште.


Сето тоа некако функционирало до 2007 година, кога среде градот одеднаш се појавила дупка широка 400, а длабока 700 метри. Луѓето биле шокирани, но тоа било почеток на нивните неволји.

Земјиштето под нив постојано треперело, секојдневно се отворале нови и нови дупки. Земјата голтала автомобили, куќи, а некои дупки биле и со големина на неколку фудбалски терени. Набрзо целиот град почнал да тоне, земјата буквално почнала да го голта градот.



Властите цело време се обидувале да ја смират паниката и на жителите им велеле дека сѐ е во ред, но било јасно дека ништо не е како што треба и дека наскоро ќе исчезне целиот град.

Минаа 12 години од колапсот, а ситуацијата во Березники не се промени. Зградите стојат накривени, некои делови од градот потсетуваат на Чернобил, огромните кратери се полни со вода, а како денес изгледа градот може да се види на снимките.
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот