X
 27.04.2023 Живот

Постои математичка формула која открива дали ќе останете во брак или не

Кавгите меѓу паровите се сосема нормална појава, а ако нема поголема причина за тоа, тогаш причината е некоја ситница.

Сепак, кавгите понекогаш можат да ескалираат и ништо не помага бидејќи што и да правите, едноставно чувствувате дека нешто не е во ред со вашата врска.

Ако сакате да предвидите како ќе се развива вашиот брак и дали ќе останете заедно или разводот е неминовен, оваа математичка равенка наводно ја предвидува судбината на врската со 90 отсто точност.

Како се расправате?


Психологот Џон Готман и професорот по математика Џејмс Мареј снимиле 15-минутни видеа од долгогодишни партнери кои се расправаат, па развиле равенка врз основа на тоа. Тие смислиле метод за да проценат сè што се случувало за време на расправиите, вклучувајќи ги и отчукувањата на срцето, крвниот притисок, изразите на лицето и слично.

Физичките показатели не биле нивниот единствен фокус, туку повеќе внимание обрнувале на тоа дали паровите користат хумор и се отворени или можеби се агресивни и арогантни. Врз основа на ова, тие откривале што се случило во текот на дискусијата и можеле да предвидат дали брачната двојка ќе се разведе или не.

Значи, станува збор за начинот на карање, како и за она што го кажувате бидејќи тоа е клучно за вашата долгорочна среќа.

Ова е равенката: Wt+1= w + RwWt + IHM (Ht)

Ако не ви е јасно и ако ви се чини дека буквите и бројките се по случаен избор, не е така.

Готман и Мари дале објаснување кое изгледа вака:

1. Wt+1 ја означува позитивноста или негативноста на следниот коментар на жената во дискусија.

2. Малото w го означува расположението на жената воопшто.

3. Додавате RwWt, кое го укажува расположението на жената кон мажот.

4. Потоа додавате IHM, што го означува влијанието на мажот.

5. (Ht) на крајот од равенката значи дека мора да го вклучите и најновото дејство на сопругот.

Со користење на овој систем, сѐ што се кажува за време на расправиите се претвора во код. На пример, !одбрана! е негативен код, а наклонетоста или хуморот се позитивни кодови.

Не сите расправии се лоши


Сега веројатно се прашувате како сето горенаведено е поврзано со тоа дали вашиот брак ќе опстане или не?

Одговорот е многу едноставен: системот за кодирање и равенката се поврзани. Математичарката Хана Фрај објаснува дека сѐ зависи од последните делови на равенките, односно влијанието на сопругот и реакцијата на сопругот. Станува збор за позитивни и негативни реакции кои се ставаат во графиконот, а доколку стигнат одреден праг, на вашиот брак би можел да му дојде крајот.

Графиконот открива и дека паровите со многу низок праг на негативност се најнеуспешни, што значи дека е неопходно повремено да се караат. Поуспешни се паровите кои веднаш зборуваат за она што ги мачи. Во основа, решението е едноставно: ако сакате да ја зачувате врската, разговарајте со партнерот за проблемот, и секогаш имајте калкулатор при рака.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот