Во 1889 година списанието „Тит-битс“ понудило награда за жена која не била во брак, а која ќе го даде најдобриот одговор на прашањето: „Зошто сè уште сте слободни?“
Списанието добило урнебесни одговори и не можело да одбере една победничка, па затоа ги објавило омилените одговори и на секоја од победничките им подарило по 5 шилинзи (денешни 26 долари). Ова се најдобрите одговори:
- Затоа што не сум заинтересирана за зголемување на мојот ѕверилник и сметам дека мажот е помалку послушен од кучето, помалку нежен од мачката и помалку забавен од мајмунот.
- Да се биде сопруга значи премногу работа, сега сум само млекарка. Да сум во брак, би требало да бидам жена, мајка, медицинска сестра, домаќинка, собарка, шнајдерка, перач, млекарка и постојана чистачка.
- Бидејќи постојат други професии во кои часовите се пократки, работата е попријатна, а платата може да биде подобра.
- Бидејќи добриот маж е редок, но будали има многу, затоа сум слободна на 27 години. Затоа што мажите се како колачи со три агли - пријатни на око, но доколку погледнете одблизу, сфаќате дека се шупливи и отстојани.
- Со оглед на тоа што бракот е како електрична батерија, еднаш кога ќе се фатите за раце, не може да ја пуштите, колку и да боли. И, како кога ќе се одлучите да се спуштите низ тобоган, мора да одите до горкиот крај, колку и да има дупки и нерамнини на него.
- Затоа што сум како доброволец: секогаш подготвена, но сè уште непотребна.
- Затоа што сум англиска дама, а Американци имаат монопол на пазарот.
Извор:
DDL
Фото: Pixabay