X
 01.06.2022 Живот

Бројот на склучени бракови лани зголемен за околу 30 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година се склучени 13.337 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е зголемен за 29,8 %.

Најмногу бракови, 1 981 или 14,9 %, се склучени во август, а најмалку во април, 667 или 5,1 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 94,0 % за жените и 93,3 % за мажите.
Во втор брак со учество од 6,2 % и во трет брак со учество од 0,6 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2021 година најголем број бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 4.392 или 32,9 % кај жените и 4.959 бракови или 37,2 % кај мажите.

Просечната возраст при склучување прв брак е 27 години за невестата и 29,8 години за младоженецот.
Во 2021 година се случиле 1.964 разводи, што претставува зголемување од 25,2 % во споредба со 2020 година. Во текот на годината, најмалку бракови, 70 или 3,6 %, се разведени во месец август, а најмногу, 202 или 10,3 %, во месец декември.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во истата старосната група од 35 до 39 години, и тоа 364 или 18,5 % кај жените и 365 или 18,6 % кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 451 или 23 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот