X
 27.05.2019 Наука

Откриен огромен подводен вулкан кај Мадагаскар

Научниците од Институтот за геофизика во Париз открија еден од најголемите подводни вулкани, кој се наоѓа меѓу Мадагаскар и источниот африкански брег.

Вулканот се издига на висина од 0,8 километри над морското дно. Во тој предел сеизмографи од целиот свет често забележуваа бучава што укажува на сеизмичка активност. Притоа, островот Мајот се помести за неколку сантиметри на југоисток.

Во мај 2018 година беше регистриран и земјотрес од 5,8 степени според Рихтеровата скала, што е еден од најголемите во оваа облaст. При испитувањата, пак, се покажало дека под морското дно има голема маса магма.

Интересно е и дека за една година Маjот „потонал“ 13 сантиметри.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука