X
 17.11.2023 Живот

Вулкански туризам: Дали е можна посета на вулканот Етна за време на ерупцијата и колку е ризична?

На 12 ноември Етна го осветли небото над Сицилија, а Исланд прогласи вонредна состојба поради страв од неизбежна ерупција на вулканот, која би можела да ги откаже летовите.

Уште во август, аеродромот во Китанија беше привремено затворен и беа воведени ограничувања за возење по ерупцијата што исфрли пепел. И покрај фотографиите од чад и светлоцрвена лава кои предизвикуваат страв, нема знаци дека меѓународното патување до италијанскиот остров е откажано - напротив, вулканскиот туризам цвета повеќе од кога било досега.

Колку се чести ерупциите?


Етна е еден од најактивните вулкани во Европа и е во речиси постојана состојба на активност во текот на последната деценија. Ерупциите можат да се случат неколку пати во текот на годината, па дури и во еден месец. Тековниот период на ерупција започна во 2013 година, според Глобалната вулканистичка програма на Смитсонијан. Во 2021 година, Етна емитирала толку многу вулкански материјал во период од шест месеци што пораснала во висина за речиси 30 метри.

 
Оваа година имаше неколку ерупции, а веб-сраниците како „Волкејно дискавери“ детално ја следат активноста на Етна, така што можете во живо да го набљудувате вулканот на веб-страницата на опсерваторијата Етна.

Поголемиот дел од времето ерупциите на Етна се класифицирани како вулканска активност на ниско ниво. Ова вклучува облаци од пепел, фонтани од лава и благи експлозии на магма кои се донекаде драматични за гледање.

Италијанскиот национален Институт за геофизика и вулканологија објави дека висината на еруптивниот столб од пред два дена е проценета на околу 4.500 метри надморска височина.

Дали е безбедно да се посети Етна?


 
Етна се смета за безбеден вулкан - повеќето ерупции не претставуваат закана за оние што ја посетуваат или живеат во областа. Честопати најголемата непријатност е пепелта околу градовите за време на ерупциите.

Посетата за време на ерупцијата е возбудливо искуство и некои водичи организираат тури во текот на ноќта специјално за туристите да го искусат огненото светлосно шоу по цена од 150 евра па нагоре.
Компанијата „Гоу Етна“ ги советува посетителите секогаш да бидат придружувани од локален водич или агенција, а доколку сакате да пешачите преку границата од 2.900 метри, задолжително ангажирајте водич. Тие, исто така, препорачуваат да го известите вашиот хотел или гостилница за вашата маршрута и, доколку скијате, да не излегувате надвор од патеката.

Постои и опција за хеликоптерска обиколка на вулканот, која чини 1.500 евра за група од четворица.


Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот