X
 02.01.2024 Наука

Растенијата може да покажат кога се подготвува вулканска ерупција

Однесувањето на растенијата може да покаже рани знаци на вулканска активност, покажува ново истражување. Истражувачите го проучувале потенцијалот за предвидување вулкански ерупции преку иновативен метод со набљудување на однесувањето на растенијата.

Стандардните индикатори, како зголемени емисии на јаглероден диоксид, често ѝ претходат на вулканска ерупција. Меѓутоа, тешко е да се забележат овие емисии поради недостапниот терен. Затоа, истражувачот Роберт Бог и неговиот тим од Универзитетот „Мекџил“ истражувале дали здравјето на растенијата може да открие информации за вулканската активност.

Тие анализирале сателитски фотографии од околината на националниот парк Јелоустон во повеќе временски периоди. Истражувачите забележаа корелација помеѓу зголеменото зеленило на растенијата, што укажува на зголемен раст од дополнителен јаглероден диоксид, и последователно кафеава боја на растенијата кога вулканската активност достигнува врв - што се припишува на сулфур диоксид и покачени температури, што предизвикуваат смртност на растенијата.

Заклучоците покажуваат дека со користење сателитски фотографии би можело да се следи здравјето на растенијата и со тоа да се процени можна вулканска ерупција.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука