X
 24.07.2015 Наука

Откриена Земја 2.0... Како стигнавме дотука?

Во текот на вчерашниот ден, НАСА објави дека е откриена планета слична на Земјата. Овој момент е кулминација на илјадници години набљудување на небото. Вчера, НАСА ни ја претстави Кеплер 452б.


Оваа карпеста планета кружи околу ѕвезда многу слична на нашата, има година од 385 дена и гравитација речиси двојно посилна од земјината. Таа се наоѓа во зоната за живот на својата ѕвезда 6 милијарди години, односно повеќе од Земјата. 

За жал, Кеплер 452б е на оддалеченост од 1.400 светлосни години, но шансите дека на неа има живот се поголеми од било која друга планета која сме ја откриле досега. Во 1992 година ја откривме првата планета надвор од Сончевиот систем. Сега сме тука, 23 години подоцна, со откриени речиси 2.000 други планети.

Во чест на овие достигнувања, гледаме кон најголемите успеси од историјата на астрономијата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука