X
 27.05.2021 Образование

СОНК најавува штрајк ако на наставниците не им се плати прекувремената работа

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска предупреди дека ќе организира штрајк ако Министерството за образование, општините и училиштата не им платат на наставниците за прекувремена работа.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, предупреди дека ако не се исплати прекувремената работа, учениците може да не ја завршат учебната година, односно да не добијат свидетелства.

- За време на пандемијата наставниците работеа повеќе, односно бројот на часови за настава им беше зголемен бидејќи децата беа поделени во две групи. За жал, власта и институциите не го препознаа зголемениот обем на работа на наставниците и не исплатија додатоци. Од Министерството за образование велат дека им имаат префрлено средства за оваа намена на општините, но според нашите информации, оттаму велат дека нема пари. Впрочем, нас не нè интересира дали има пари или не, важно ни е да се почитуваат законите - изјави Неделков.

Од Министерството, пак, одговорија дека тие редовно им префрлаат пари на општините , па така, исплатата треба да ја извршат општините и самите училишта.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование