X
 17.04.2022 Образование

Штрајкот во образованието продолжува, понудените 10 отсто покачување неприфатливи за СОНК

„Зголемувањата на платите од 10 отсто воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството“, изјави синдикалниот лидер Јоаким Неделков.

Штрајкот во образованието орагнизиран од страна на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ќе продолжи и понатаму, соопштија денеска од овој синдикат откако Советот на денешната седница одлучи да не го прифати предлогот на Владата, за 10 проценти покачување на платите. Понудата на Владатат е зголемување на платите за 10 %, по ребалансот на Буџетот кој би бил во мај или јуни. Од синдикатот велат дека понудата е дадена усно, а не писмено и дека членството останува на тоа дека штрајкот треба да продолжи се до прифаќање на нивните барања за зголемување на платите од 18,4 отсто.

„Зголемувањата на платите од 10 отсто воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството“, изјави синдикалниот лидер Јоаким Неделков.

Неделков на прес-конференција рече дека членовите на СОНК, реагираат на несериозниот пристап на надлежните кои, како што наведе, скоро два месеца преговараат со претставници на СОНК, а реално не даваат никаков конкретен предлог на доставените писмени барања од страна на СОНК.

– Членовите на СОНК констатираат дека ваквиот пристап од страна на Владата не води во правец на брзо решавање на проблемот и прекинување на штрајкот. Зголемувањето на платите од 10 проценти во детска заштита, основно и средно образование воопшто не кореспондира со висината на зголемување на минималната плата оваа година и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството на професијата, рече претседателот на СОНК Неделков.

Во меѓувреме министрите за образование и наука, како и за труд и социјала упатија неколку апели штрајкот на СОНК да прекине, но тој и понатаму продолжува а наставницте и вработените во предучилишните установи ќе бидат на своите ранботни места но нема да работат и понатаму.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование