X
 27.06.2018 Технологија

„Фејсбук“ развива патент кој ги предвидува сите ваши важни животни случувања

Во мисијата на „Фејсбук“ да го следи секој аспект од животот на луѓето, интернет-гигантот откри начин да предвиди кога некој ќе умре.

Патентот наречен „Предвидување на животните промени“ опишува машина што ги предвидува поголемите настани во животот на корисниците на „Фејсбук“. Ова вклучува промена во брачниот статус, родендени, нови професии, раѓање на деца, дипломирање и смрт.

- Машината за предвидување ја пресметува веројатноста на корисникот да биде подложен на промени во животот користејќи модел за машинско учење и податоци од други корисници од системот кои поминале низ животни промени - пишува во патентот.

patent
Фото:  Getty Images


Како што може да се очекува од „Фејсбук“, една од главните причини за развивање ваков алгоритам е рекламата. Со знаењето на најинтимните детали од животот на една личност, социјалната мрежа ќе може да им прикаже високо релевантни реклами.

На пример, ако ваквиот алгоритам предвиди дека корисничката е бремена од постовите што ги пишува и на кои реагира, тогаш „Фејсбук“ ќе може да ја „бомбардира“ личноста со реклами за пелени и бебешки алишта.

Некои фејсбук-корисници може да изберат јавно да споделат информации за поголемите настани во нивните животи, но патентот опишува дека ваквите информации ќе поминат низ посуптилни методи.

- Преку едноставно потпирање на промената во информациите на корисникот, опишаниот пристап ќе биде во можност да ги искористи сите информации што се наоѓаат во системот, како постови, пораки, мејлови и слично, за да одлучи дали корисникот се соочил со некакви животни промени или да предвиди дали корисникот ќе поминe низ вакви промени во иднина - пишува во патентот.

Друг патент од „Фејсбук“ вклучува шпионирање на корисниците преку микрофонот од нивните телефони. Во ваквото сценарио, микрофонот слуша која серија ја гледа корисникот и на тој начин социјалната мрежа предлага релeвантна содржина.

Фејсбук“ претходно изјави дека апликациите за патент не се индикација дека ќе ја примени технологијата или дека планира да ја искористи во иднина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија