X
 27.06.2021 Живот

Неодоливи фотографии од љубопитните црвени верверички

Забележувањето на верверичка во дивината е секогаш возбудлив момент, но ретко можеме да ги видиме овие неодоливи суштества одблизу.

Поголемиот дел од времето, може да се види само меко крзно како трча и скока од дрво на дрво. Но, шведскиот фотограф Џони Капа успеал да се спријатели со локалните верверички кои сега љубопитно приоѓаат на неговиот фотограф и позираат за слики.

Капа поминал години обидувајќи се да се спријатели со нив за да ги фати нивните најинтимни моменти. Кога првпат почнал да ги фотографира, користел долги леќи за да ги фати од далеку, но сега тој почнал да ги фотографира одблизу.

Фотографиите се направени низ сезоните, и го откриваат интимниот живот на вервериците во текот на целата година. Од берење плодови до качување на дрвја, овие верверички и тоа како се зафатени. Фотографиите на Капа ја покажуваат нивната љубопитна природа затоа што веднаш доаѓаат до неговиот објектив, па тоа резултира со одлични портрети што детално ги доловуваат нивните лица.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото:  Johnny Kääpä/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот