X
 22.10.2015 Живот

Драматични фотографии од торнадото кое ја погоди Џенова

Рускиот турист Евгениј Дроков, бил на одмор заедно со неговото семејство во италијанскиот град Џенова, кога торнадо го погодил брегот. Дроков веднаш ја зел својата камера и успеал да „го фати“ овој момент на камера.

 

1

 

Неверојатните фотографии го овековечија бурното небо над Италија, како што торнадото се издигнувало над морето.

„Никогаш не сум доживеал нешто вакво“, изјави Евгениј.

 

1

2

„Ова е искуство кое човек го доживува само еднаш во животот“, додава тој.

„Тоа беше последното утро од нашиот семеен одмор во Џенова пред да се вратиме во нашиот град. Торнадото можевме да го видиме толку добро бидејќи куќата во која се наоѓавме се наоѓаше на ритче - немаше многу дожд, па направените фотографии беа чиста среќа“, завршува Евгениј.

 

3

4

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот