X
 27.06.2023 Живот

Успешната приказна на Џафер Емини: Од агент за корисничка поддршка до супервизор во Teleperformance

Во ерата на брзите промени сѐ поретки се случаите кога еден вработен успева да гради кариера во една иста компанија. Но, приказната на Џафер Емини, вработен во компанијата Teleperformance, го демонстрира влијанието на преданоста, трудот и поддршката од компанијата во формирањето на успешната кариера.

Џафер Емини е млад и амбициозен човек кој преку својата приказна искуси како е да бидеш дел од една од водечките компании во индустријата за корисничка поддршка. Тој е вработен како агент за корисничка поддршка во Teleperformance од август 2022 година, а благодарение на својата преданост и мотивација, за многу кратко време успева да напредува на позицијата супервизор. Неговата приказна е извонреден пример како еден вработен може да го промени својот живот и кариера доколку ја има поддршката од работодавецот.

Во следниве редови Џафер нè води низ својата кариера, споделувајќи ги своите искуства, предизвиците и успехот што го постигнал во оваа динамична компанија, која за само 4 години во Македонија успеа да изгради тим од 500 амбициозни луѓе и да се здобие со престижниот меѓународен сертификат Great Place To Work.

Што беше причината да се одлучите за кариера во индустријата за корисничка поддршка, што Ве натера да се одлучите да работите во Teleperformance и какво беше Вашето искуство досега?

Причината да се приклучам во индустријата за корисничка поддршка беше токму компанијата Teleperformance. Пред тоа јас речиси 5 години живеев во Германија и кога слушнав од моите пријатели за Teleperformance, решив да се вратам дома и да аплицирам за позицијата агент за корисничка поддршка во Teleperformance. Веднаш бев контактиран од страна на вработените одговорни за нови вработувања и откако ги презентирав моите способности за комуникација на германски јазик, што всушност е и единствениот услов за оваа работа, добив понуда и бев примен на моето ново работно место. Искуството досега е одлично, задоволен сум многу од сите можности што ми се дадени од страна на компанијата и сум сигурен дека истото ќе продолжи во иднина.

Што значи да се биде агент за корисничка поддршка во Teleperformance и како изгледа еден вообичаен работен ден во компанијата?

Работниот ден во Teleperformance се одвива во една забавна и динамична работна средина. Денот обично започнува со заедничко кафе со колегите од истата смена. Потоа сите се најавуваат во системот и почнуваат со обработка на повици од клиентите. Изнаоѓањето решенија за проблемите на клиентите е дел од секојдневните предизвици. Во текот на работниот ден колегите користат пауза за да се рекреираат и забавуваат. Кога атмосферата е таква, времето на работа поминува навистина брзо.



Каква обука и поддршка добивте кога се приклучивте во Teleperformance и како тоа Ви помогна во работата?

Teleperformance има висококвалитетна обука која трае 6 недели. За време на обуката вие сте пријавени и земате целосна плата. Понатаму, секоја недела имаме таканаречени "Couchings" и "Roundtables" за понатамошен развој и напредок. Преку овие сесии секој може да им поставува прашања на поискусни агенти или супервизори. Дополнително, никогаш не сме оставени сами бидејќи во секој момент има достапен поискусен агент или супервизор кој помага во решавање на потенцијален проблем.

Можете ли да споделите некој незаборавен момент од Вашето кариерно патување во Teleperformance и како тоа влијаеше врз Вас?

Имам неколку незаборавни моменти откако почнав да работам во Teleperformance. Eден од нив е кога првпат ја добив можноста да им помогнам на новите агенти, што многу позитивно ми влијаеше и уште повеќе ме мотивираше. За кратко време се отвори позиција за супервизор на која се пријавив и бев унапреден. Моментот кога без унапреден на оваа позиција за мене беше незаборавен.

Како Вашето напредување влијаеше врз Вашата улога и одговорности во Teleperformance и како продолживте да растете и да се развивате на новата позиција?

Благодарен сум за можноста стекнатото знаење да го искористам и да го споделам со колегите со цел директно да влијаам и да помогнам да се подобрат перформансите на тимот. Програмата Jump е програма за развој и кариерен раст, а по нејзиното завршување се квалификував и добив нова позиција како супервизор. Преку мојата нова позиција, всушност, имам простор конечно да се истакнам и да се докажам како лидер користејќи ја мојата енергија и инкорпорирајќи ги моите морални вредности и принципи.

Како Teleperformance поттикнува позитивна и поддржувачка работна средина и како тоа влијаеше врз Вашиот раст во компанијата?

Во Teleperformance сум речиси една година. Тука веднаш се чувствува дека средина и условите на работното место (како во канцеларија така и од дома) играат голема улога во продуктивностa на тимот. На располагање има огромна логистичка поддршка што придонесува за унапредување на успехот на севкупниот тим. Посебен фокус ќе ми биде односот помеѓу тимот и јас како тим-лидер, каде што ќе дојде до израз мојата способност како менаџер, каде што по потреба ќе креирам и посебен план за развој на тимот. Би дал и внимание на тим-билдинг активностите каде што се учи да се работи како целина, со што ќе се подигне моралот да се постигнат повисоки резултати како тим.

Гледајќи наназад од моментот кога станавте дел од Teleperformance па сѐ до денес, каков совет би му дале на некој кој штотуку започнува или сака да започне како агент за корисничка поддршка во Teleperformance?

Тие што веќе почнале знаат дека во ниту еден момент не остануваат сами или без помош, нешто што мене лично многу ми помогна и е нешто што многу го ценам. На сите што зборуваат германски (минимум Б2 ниво) и сакаат да започнат како агент за корисничка поддршка во Teleperformance, можам да им кажам многу, ама ќе бидам краток и ќе им препорачам да ја искористат уникатната шанса да станат дел од една од најдобрите компании во нашиот регион, и да видат сами дека го направиле вистинскиот избор.

Зборувате германски? Сакате кариера во најголемата глобална компанија за кориснички услуги? Аплицирајте веднаш на www.TPSkopje.com.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот