Пред повеќе од еден век Алберт Ајнштајн ја предложи, а денес положи уште еден тест. Станува збор за неговата Теорија на релативност.
Тим од Европски истражувачи со големи телескопи насочени кон центарот на нашата галаксија набљудуваа ѕвезда која брзо се доближува до огромна црна дупка. Тие забележале дека црната дупка ги изобличила светлинските бранови од ѕвездата, на начин што се совпаѓа со теоријата на Ајнштајн.
Резултатите беа објавени во четвртокот во списанието "Астрономија & астрофизика".
Теоријата на Ајнштајн вели дека универзумот не е едноставен простор, туку дека е сложен систем наречен простор-време кој може да биде закривен под дејство на распоредената маса и енергија во него, односно во присуство на масивни тела.
Црните дупки се одличен начин да се тестира оваа идеја. Таа што се наоѓа во центарот на Млечниот пат е 4 милиони пати помасивна од нашето Сонце.
-Јас, како и сите други физичари во светот, сакав да можам да ја побијам оваа теорија. Но, Ајнштајн уште еднаш не надмудри - вели Пол Сатер од Универзитетот во Охајо.
Фото: Pixabay
Научниците сѐ уште не можат да објаснат се во унизерзумот со помош на оваа теорија, па постојано ја тестираат. До денес, никој не успеал да ја отфрли.
Вил Клифорд, од Универзитетот во Флорида не учествувал во овој проект, но вели дека се надева дека ќе имаат можност да набљудуваат ѕвезда која е уште поблиску до црна дупка, па така ефектите на изобличување ќе се забележуваат подобро.
-Ова е почеток на нешто интересно. Мислам дека иднината ќе биде многу
возбудлива - додава тој.