X
 07.03.2015 Наука

За првпат потврдена теоријата на релативност на Ајнштајн

Теоријата за релативност предложена од Алберт Ајнштајн штотуку била потврдена со помош на вселенскиот телескоп „Хабл“. Астрономите ги направиле првите слики од светлина од ѕвезда која експлодира како се изобликува од група галаксии.


Најпознатиот научник на светот прв го предвидел овој ефект пред повеќе од еден век, а денес, повеќе од 50 години скенирање на небото, тој конечно бил забележан. Фотографијата ги покажува четирите точки од светлината кои се создадени од експлозија на супернова, наредени во „ајнштајнов крст“ околу далечна група галаксии.

Четирите точки се резултат на скриена маса црна материја во галаксијата која ја искривува светлината од суперновата која е оддалечена бројни светлосни години но доаѓа токму позади кога се гледа со „Хабл“.


Секоја од четирите точки светлина има различна насока и патува по различен пат низ вселената. Нивниот пат зависи од невидливата темна материја од која е составен поголемиот дел од Универзумот.

Астрономите кои набљудувале слики од телескопот првпат ги забележале точките светлина во облик на крст околу галаксии на оддалеченост од 5 милијарди светлосни години во ноември изминатата година, а оттогаш ги анализирале сликите со други телескопи на земјата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука