X
 27.07.2020 Технологија

Може ли да се направат екрани за телефони отпорни на вируси?

Сите знаеме кој е најранливиот дел на секој паметен телефон - стаклената површина. Колку и да го чуваме, со текот на времето на него ќе се појават траги во форма на гребеници.

Телефоните што имаат стакло наречено „горила глас“ се малку поотпорни од оние што се поевтини и го немаат тоа стакло. Меѓутоа, се чини дека наскоро паметните телефони можат да станат поотпорни.

Од „Корнинг“, компанијата која произведува вакво стакло, објавија дека развиле нов концепт наречен „Виктус“, кој на идните генерации паметни телефони би можел да им понуди подобра заштита од гребеници и напукнувања при паѓање, но и дополнителни и многу актуелни можности.

Стаклото би требало да осигури дека екранот ќе преживее пад од 2 метра, да биде двојно поотпорен на гребење, но и потенок, што значи дека паметните телефони во иднина би можеле да бидат потенки.

Проблемот е што кај заоблените телефони заштитното стакло губи на цврстина. За да можат и заоблените телефони да добијат заштита каква што имаат и класичните, потребно е да се направи и флексибилно стакло.

Интересно е што „Корнинг“ развива и стакло кое е отпорно на микроорганизми, а моментално во соработка со компанијата „Отербокс“ тестира дали е можно да се произведува стаклена заштита за екран која би можела да биде отпорна на коронавирус.

Ако успее, таквата заштита би можела да се продава одвоено или да биде заштитен знак на поскапите модели на телефони.

Извор: B92
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија