X
 13.05.2020 Здравје

Денеска има 24 оздравени пациенти и 20 новозаразени. Во 13 града во Македонија нема Ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-12, Прилеп-7, Тетово-3, Кавадарци-1, Пехчево-1. 
Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Kовид-19, и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Починале 3 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана од 7 мај. Во Општата болница во Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон Инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.


Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.694, бројката на оздравени пациенти е 1.229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 579, активни 129
• Куманово – 410, активни 46
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-35, активни 2
• Прилеп –184, активни 56
• Тетово – 121, активни 58
• Струга – 67, активни 4
• Велес – 109, активни 50
• Битола –23, активни 4
• Охрид –15, активни 0
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –19, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 5
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод - 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 2
• Берово-1, активни 1

Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања за Ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје