X
 31.05.2020 Здравје

Нови 62 заразени со коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани - 1 и Валандово-1.

Најмногу од заболените од Скопје се од Чаир -11, потоа Бутел – 6, Карпош, Аеродром и Сарај по 2 и Гази Баба со 1 случај на Ковид-19.

Денеска се оздравени 17 пациенти, а починале двајца, пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај и пациент од Гостивар (64г) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажал позитивен резултат.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, бројката на оздравени пациенти е 1.552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541. Последната дистрибуција по градови е следната:

- Скопје – 841, активни 267
- Куманово – 455, активни 45
- Дебар – 51, активни 0
- Штип - 76, активни 41
- Прилеп –211, активни 41
- Тетово – 210, активни 78
- Струга – 84, активни 14
- Велес – 130, активни 30
- Битола –28, активни 3
- Охрид –23, активни 6
- Кавадарци – 5, активни 0
- Гостивар –26, активни 6
- Гевгелија – 4, активни 0
- Струмица – 3, активни 1
- Крива Паланка- 6, активни 0
- Радовиш – 4, активни 0
- Крушево – 3, активни 0
- Кочани – 33, активни 2
- Пробиштип – 2, активни 0
- Кичево – 3, активни 1
- Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар – 1, активни 0
- Македонски Брод - 2, активни 0
- Пехчево- 3, активни 0
- Делчево-1, активни 0
- Валандово -2, активни 1
- Виница – 3, активни 1
- Кратово-2, активни 0
- Берово-1, активни 0
- Свети Николе-1, активни 1.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3.723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на Ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје