X
 13.03.2020 Здравје

Листа со дијагнози на хронични болни ослободени од работа поради Ковид-19

Министерството за здравство достави листа со дијагнози на хронични состојби, добиени во консултација со директорите на клиниките за ендокринологија, пулмологија, кардиологија и нефрологија, за лицата што се ослободуваат од работа поради коронавирусот.

Утврдените категории лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:

1. Хронични респираторни заболувања:
  • ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
  • Астма – J45
  • Интестицијална фиброза – Ј84
2. Тешки кардиоваскуларни заболувања:
  • Срцева слабост со EF<40
  • Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
  • Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
  • Тешка аортна и митрална стеноза
  • Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
  • Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
  • Длабока венска тромбоза до 3 месеци
3. Дијабетес мелитус:
  • Дијабетес тип I
  • Дијабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ
4. Сите малигни заболувања – C00-C97

5. Имунокомпромитирачки состојби:
  • Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0
  • Хроничен нефротичен синдром – N04.9
  • Интермитентна хемодијализа – Z99.2
  • Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
  • Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје