X
 27.07.2021 Спорт

Дејан Георгиевски останува со сребрен медал. Втор олимписки медал за самостојна Македонија

Дејан Георгиевски загуби во финалето на турнирот во таеквондо на Олимпијадата во Токио, со што го потврди претходно освоениот сребрен медал. Нашиот таеквондист загуби во финалето од Русинот Владислав Ларин со 15:9.

Ова е втор медал за Македонија по осамостојувањето, по бронзата на Могамед Ибрагимов во борење на ЛОИ во Сиднеј, во 2000 година.

Пред поразот од Ларин, Георгиевски денеска редеше само победи. Првин го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска, Сејду Гбане, со 9-4, а претходно утринава, на стартот од турнирот, направи чудо совладувајќи го светскиот првак Алба Кастиљо со 11-8. Во полуфиналето беше подобар од Дион Кјо од Кореја со 12:6.

фото: Фрипик

Подготвил: Н.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт