Златото повеќе не е најбараниот скапоцен метал, објави магазинот „Блумберг“, анализирајќи го најновиот раст на паладиумот на светскиот пазар. Паладиумот, заедно со златото, среброто и платината е еден од скапоцените метали со широка примена во економијата, а моментално е најбаран во автомобилската индустрија.
Ова се најновите показатели од тргувањето со метали за непосредна испорака на Лондонската берза, според која, паладиумот достигна цена од 1.252 долари за унца.
- Понудата на паладиумот е ограничена, така што за односот на цената меѓу паладиумот и златото е важно колку се слаби или силни двата производа - вели Чираг Сет, консултант на лондонскиот „Метал фокус“.
Фото: Reuters
Зголемувањето на побарувачката на паладиум е поврзано со зголемената употреба на овој метал во уредите за контрола на издувните гасови во автомобилите. Паладиумските катализатори се користат кај „бензинците“, кои се моментално побарани од „дизелашите“ поради познатите афери со фалсификат показателите за загадувањето што го предизвикуваат дизел-моторите, па тоа придонело за раст на побарувачката за паладиум.
Според достапните податоци, во текот на минатата година од рудниците во светот биле извадени 208 тони паладиум. Државите со најголеми резерви на паладиум се Русија и Јужна Африка, од кои секоја моментално произведува 30 до 40 отсто глобално производство. Остатокот од најзначајните резерви на овој скапоцен метал е во Канада, САД и Зимбабве.
Бидејќи Русија држи значаен дел од светскиот пазар на паладиум, растот на овој метал е последица од упорноста на САД и нејзините сојузници во економските санкции на Москва. Растот на цената на паладиумот на Лондонската берза е непрекинат од 2015 година, што се совпаѓа со зајакнувањето на санкциите на Русија.
Освен во автомобилската индустрија,
паладиумот се користи и за производство на накит, во електрониката, во индустријата на градежни материјал и во медицината за производство на забни пломби и хируршка опрема.