Колку се опасни најновите случувања во Сирија и затегнувањето на односите меѓу Кремљ и Вашингтон, не е нешто што го знаат само политичарите и воените експерти и аналитичари. Опасноста од ескалација која евентуално би можела да резултира со воен конфликт ја почувствуваа и оние кои немаат никаква врска со воените вештини и тактики.
„
Берзанските аналитичари имаат добар показател кој сигнализира дека доаѓа до пораст на геополичтичките тензии во светот“ - вели потпретседателот на компанијата „Златен монетарен дом“, Алексеј Вјазовски.
„Станува збор за
односот меѓу цените на златото и среброто. Во Стариот Рим, една единица злато чинела колку 12 единици сребро, во периодот кога се основале Соединетите Американски Држави односот бил фиксиран на 1:15, за на почетокот на 20 век коефициентот да порасне на 1:50“, објаснува тој.
Тоа значи дека со една унца
злато можат да се купат 50 унци сребро. Тоа е таа просечна вредност која се нарушува во периоди на геополитички потреси. Така на пример, на почетокот на Втората светска војна, кога Хитлер извршил инвазија врз Полска, односот меѓу златото и среброто достигнал размер од 1:98. Во јануари 1991 година, по избивањето на Заливската војна, односот повторно стигнал до 1:100, што е двапати поголем од вообичаениот.
„И еве, пред неколку дена беа лансирани 59 ’томахавк‘ ракети на сиријскиот аеродром Шаират во провинцијата Хомс во Сирија. Самите американски власти признаваат дека на аеродромот било можно присуство и на руски војници. Но, и да не го знаеле тоа, таквиот напад во област каде се наоѓаат руските ракетни системи С-300 и С-400 е крајно опасна мерка.
Сето ова не можеше да не влијае врз индексот на златото и среброто, кој веднаш порасна на 1:63. Курсот на златото го проби годишниот максимум и достигна ниво од 1.264 долари за унца (31 грам) и отвори пат за достигнување на
психолошки важниот знак од 1.300 долари за унца. Првата војна на Трамп, (иако Белата куќа тоа го нарече еднодневна акција), го враќа интересот на глобалните инвеститори за пазарот на благородните метали“, истакнува Вјазовски.
Реакцијата на пазарот на благородни метали на американскиот напад во Сирија може да сведочи за појавата на највисоко ниво на опасност која е закана не само за моменталното ниво на цените и курсот, туку и за животите на милиони луѓе.