Спиењето може да биде тешко во горештина. Луѓето смислуваат разни решенија, па дури и вклучуваат вентилатори за да не се будат препотени во текот на ноќта. Експертот за спиење Марк Редик вели дека тоа има и недостатоци и предности.
- Вентилаторот ја контролира температурата во собата, обезбедува циркулација на воздухот и емитува бел шум, за кој се знае дека смирува - вели тој.
Сепак, тој истакнува дека тоа може да предизвика и алергиски реакции.
- Во воздухот има многу прашина и полен, кои со помош на вентилаторот полесно влегуваат во вашите синуси. Оние што патат од алергии, астма и пелудна треска сигурно би можеле да се најдат во неволја ако спијат покрај вентилатор - тврди Редик.
Сувиот воздух што го создаваат вентилаторите може да ги исуши кожата и грлото и да предизвика иритација на очите, особено кај луѓето што носат контактни леќи. Сувиот воздух може да влијае врз ноздрите и синусите, што може да предизвика насобирање на слуз и главоболка. Поради студениот концентриран воздух, исто така може да се разбудите со грчеви и напнати мускули.
- Постојат начини навечер да се разладите без помош од вентилаторот. Во текот на денот затемнете ја собата, избегнувајте алкохол и кофеин, спијте на памучни чаршафи - предлага експертот.
Извор:
Buka
Фотографија: Unsplash