Неколку научни истражувања потврдија дека на жените им треба повеќе сон, од 6 до 28 минути, во споредба со мажите. Според најновите научни истражувања, моделот дека осумчасовниот сон е доволен веќе не е релевантен.
Добриот сон ни е неопходен и нема ништо поубаво од тоа кога добро сме спиеле и тој може да биде различен кај човечката популација. Кога станува збор за квалитетот на спиењето, повеќето од нас веруваат дека универзалниот стандард е околу осум часа. Сепак, студиите покажаа дека тоа не е сосема точно. Спиењето е индивидуално и не секој има потреба од иста количина на сон за да може подобро да функционира во текот на работниот ден.
Во текот на ноќните часови нашиот е регулиран со хормони кои ја одредуваат и неговата должина.
- Хормоните играат важна улога кај жените. Исто така, важно е да се земат предвид менструалниот циклус, менопаузата или бременоста. Споменатите фактори можат негативно да влијаат врз квалитетот на сонот, па на жените им треба повеќе сон од мажите. Познато е и дека жените почесто страдаат од несоница - истакна д-р Ајлин Александар, експерт за женско здравје.
11 минути повеќе сон за жените
Според истражувањата, на жените им требаат околу 11 минути повеќе сон од мажите. Иако не постои магичен број за потребата од сон, тој се пресметува врз основа на тоа што жените се поактивни и имаат обврски во домашните работи.
Д-р Ајлин посочува дека најважно е да го слушате вашето тело и неговите потреби бидејќи потребата за сон е индивидуална. Д-р Ајлин вели дека секој може да се тестира наутро и да заклучи дали бројот на часови на спиење во текот на ноќта бил доволен.
Кои се здравствените последици од недоволното спиење?
Поради недоволното спиење, нашето тело се буни и ни испраќа сигнали, без разлика за кој пол станува збор. Последиците од недоволното количество сон се нашите побавни реакции, ни треба повеќе време за некои задачи, грешиме на работа, а рефлексите ни се послаби, па може да се случат и сообраќајни незгоди.
Се зголемуваат анксиозноста и депресијата - недостатокот на сон е тесно поврзан со дебелината, дијабетесот, срцевите заболувања, хормоналната нерамнотежа, нарушената функција на имунолошкиот систем и слично.
- Спиењето е столб на здравјето. За време на спиењето, го одмараме телото, ги консолидираме нашите сеќавања и ја враќаме енергијата. Спиењето ни помага да ги спречиме болестите и ни дава доза на среќа и радост - вели д-р Ајлин.
Извор:
n1.info.rs
Фото: Freepik