Фотографот Џејсон Рајнхарт живее блиску до планината Блу Риџ во Вирџинија, па на дофат на раката му е спектакуларен пејзаж.
Ова му овозможило да ги усоврши своите вештини за фотографирање бури, па знаел кои временски услови ќе му дадат најдобри резултати. Неодамна успеал да фотографира молња под двојно виножито. И како сето тоа да не било доволно, целиот настан се случил на зајдисонце.
Резултатот е прекрасна фотографија на која виножитата изгледаат како да го заробуваат громот. Розовото и виолетовото небо го засилуваат магичното чувство на фотографијата.
- Дождот престана точно навреме кога ова неверојатно виножито почна да се формира пред мене. Веднаш знаев дека фотографијата ќе биде нешто посебно, особено во моментот кога виножитото почна да расте на небото. И претходно имав фатено виножито, но никогаш не толку светло и живописно. Да се биде фотограф и да знаеш дека фотографираш нешто толку посебно е прилично неописливо чувство. Во вакви моменти зборовите се непотребни бидејќи фотографијата ја раскажува приказната - вели фотографот.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Jason Rinehart/Instagram