Честопати сме толку зафатени со нашиот секојдневен живот што забораваме дека постојат безброј различни видови што живеат во близина.
Уште како дете, индонезискиот фотограф за диви животни Ајар Сетијади бил фасциниран од суштествата што живеат во природните живеалишта на неговиот роден град Богор. Тој долго време ги документирал мистериозните животи на жабите што живееле во неговата градина, откривајќи го нивното фасцинантно однесување.
- Всушност, жабите ми се еден вид миленичиња. Понекогаш си играм со нив во мојата градина и ги оставам да си играат со цвеќињата додека ги наводнувам растенијата - вели тој.
Симпатичните жаби природно комуницираат и позираат со цвеќињата, а Сетијади се обидува да ги фати нивните најинтересни моменти.
- Чудо е што можам да ги доловам. Всушност, тоа е неверојатен момент - вели фотографот.
На една фотографијата жаба на дожд држи лист како чадор, а на друга две жаби танцуваат. Сепак, постои една фотографија што е најшармантна: Сетијади успеал да фати две жаби како се засолнуваат од дождот под цвеќе што им служи како чадор.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram/Ajar Setiadi