Џони Деп и Амбер Херд - некогаш брачен пар, сега заколнати непријатели. Нивниот судски случај го следеше цел свет на социјалните мрежи, а сега на „Нетфликс“ доаѓа документарен серијал кој во три дела ќе го претстави текот на процесот, како и последиците од судскиот епилог.
Судскиот случај беше еден од најследените скандали во Холивуд, додека социјалните мрежи беа преплавени со снимки од судницата каде што Херд и Деп сведочеа. Сега пристигнува документарен филм во три дела за судскиот процес кој има цел да го претстави текот на судењето, но и да ги разгледа последиците од судскиот епилог, вклучително и одлуката да се емитува во медиумите.
Документарната серија, насловена „Деп наспроти Херд“ (Depp v. Heard), веќе била прикажувана на британски телевизиски канал во мај, а критичарите се поделени. На „Нетфликс“ ќе пристигне на 16 август.
Извор:
Srednja
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)