„Корпорацијата“ (The corporation) беше еден од најмоќните документарци кога излезе, во 2004 г. Во него се зборуваше за начинот на кој корпорациите се претвораат во возило за одбегнување на
одговорност, со што се предизвикува огромна штета врз животната средина и општествена нееднаквост.
Сега, луѓето што стоеја зад овој документарен филм го претставија и неговото продолжение - „Новата корпорација: За жал, неопходното продолжение“ (The new corporation: The unfortunately necessary sequel).
Филмот е за начинот на кој големите компании како „ЏП Морган“ и БП подмолно се претставуваат како „добри корпоративни граѓани“ без да ја признаат штетата што ја предизвикуваат.
Автор: Афдел Азиз
Извор:
forbes.com