X
 27.07.2023 Живот

Од октомври ќе имаме нова авиолинија Скопје - Сараево

Грчкиот национален авиопревозник „Aegean“ ќе воведе нова авиолинија од Меѓународниот аеродром - Скопје до Меѓународниот аеродром - Сараево, од 2 октомври годинава, најавуваат од ТАВ Аеродроми.

Летовите ќе почнат од 2 октомври со воздухоплов ATR72-600, со три лета неделно, или секој понеделник, среда и петок.

- Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на „Aegean“ за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авиоконекција во исто време претставува и значајно достигнување на нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници - изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

До крајот на летниот ред на летање за 2023 година, или до крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 21:50 часот. Во текот на зимската сезона 2023/2024, времињата на пристигнување/заминување ќе бидат слични.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот