Видливо разочаран студент на Филозофскиот факултет во Сараево, на неговиот Фејсбук профил напишал статус со кој го изразува неговиот револт поради сегашната состојба на општеството во однос на машко-женските односи.
Ви го пренесуваме статусот во целост.
Зошто немам девојка?
Одлучив овој пост да го напишам после долго време. Денес за жал, се` се нарекува девојк. Колку пофино и поубаво се однесуваш со нив, толку повеќе тие те отфрлуваат од себеси.
И сам сум искусил многу непријатни ситуации. Секоја девојка со која „кликнував“ или била во врска или ме одбивала со зборовите: „Ти си фин, личност за брак, досадно би било сега вака млади да бидеме заедно, добро би било кога ќе дојде време за брак“, а јас тоа го сфаќам како: „Ти си фин, мене ми треба некој со кој ќе преживеам се`, да се забавувам со него, да ме искористи и тогаш кога сакам сериозна врска да го поминам половина град за да најдам сериозен тип“.
Жалосно. Многу од нив ставаат на Фејсбук статус: „Нема фини машки“, „Фините мажи не постојат“, „Многу машки го гледаат само изгледот“. Штом здогледам ваков статус, истиот момент оваа девојка ја бришам од пријатели затоа што постојано се жалат и пишуваат се` и сешто, а наоколу се возат со клошари, идиоти кои и психички и физички ги злоупотребуваат но тие и понатаму остануваат во врска со нив бидејќи ги „сакаат“.
Ниту една девојка не ја цени добрината кај машко, никоја од нив не сака да оди на театар или на кино, туку сака да се забавува по паркови, кафулиња, ноќни клубови и останати места кадешто до утро можат да пијат алкохол. Некој ќе каже дека барам на погрешни места, но тоа не е точно. Џамија, библиотека, парк, стадион, кафуле, ноќен клуб - на сите овие места барав по некоја „нормална“ но такви нема. Им се прибижуваш со цел да се запознаеш, а тие не сакаат ни да слушнат запознавање, за потоа на Фејсбук да се жалат дека нив момчиња не им приоѓаат. Сум им приоѓал и на убави и на помалку убави девојки, и на оние непопуларните во друштвото, но се случува исто - сите одбиваат.
Едно пишуваат, а друго прават. Во животот досега научив дека колку ви се поскапи чашите на масата, толку ви се поевтини девојките околу вас. Девојката треба да биде синергија на убавина, софистицираност и стил, да биде образована, да сака, да не и` пречи внимание. Подобро е да
бидам сам отколку да го дадам срцето на личност која тоа не знае да го цени, која нема да ти даде ниту шанса, а ако даде некаква шанса тоа е за да те шутне.
Можеби сум роден во погрешно време и на погрешно место, а можеби денешните девојки не ги ценат вистинските работи.