Сопственик на компанија од Сараево, Босна и Херцеговина, му подарил автомобил „ауди А8“ на својот најдобриот работник во знак на благодарност за сета работа што ја сработил.
Ваквиот однос на газдата го воодушеви целиот регион, а најмногу работникот Емрах Рого, кој не очекувал такво нешто.
- Една компанија опстанува само со добар тим! Работникот кој соработува и ги спроведува во реалност моите идеи го заслужува овој подарок. Овој гест е од срце бидејќи јас сум задолжен да доведам инвеститори во Босна и Херцеговина, да им го пренесам своето знаење на моите луѓе. Некогаш има и добри и лоши денови, но добрите работници кои веруваат во себе и во вас се добивка која не може да се плати со пари. Овој автомобил е подарок за мојот работник Емрах, да му покажеме дека е дел од нас и дека има иднина во оваа држава, дека заедно можеме сè да започнеме - изјави сопственикот Семир Козиќ.
Емрах, пак, изјави дека е во шок.
- Не очекував дека има намера да ми подари автомобил за кој зборувавме на состаноците и на паузите. Овој подарок ја надминува материјалната вредност што ја има бидејќи е нешто за што едноставно благодарам не е доволно - изјави Емрах.
Тој додаде дека повеќе е горд на
компанијата отколку на себе бидејќи неговиот успех е тимски успех.