X
 05.01.2019 Живот

Никој не сака да ги посети овие земји

Без оглед на тоа што во денешно време има многу начини на кои може да се патува, некои земји сè уште имаат минимален процент на туристички посети.

На пример, ако го посетите Бангладеш, сигурно нема да се најдете во метеж. Оваа земја е најмалку посетуваната туристичка дестинација на светот, стои во извештајот на Светската банка.

Со повеќе од 160 милиони жители, а само 125 илјади туристи во 2017 година, на еден посетител има по 1.273 жители.

Колку за споредба, Велика Британија има околу 66 милиони жители, а минатата година примила 37,7 милиони туристи.

Бангладеш е означен како потенцијална туристичка дестинација. Сепак, поради безбедносните стравови и политичката ситуација, луѓето многу ретко решаваат да ја посетат оваа земја.

По Бангладеш, на листата со 10 најмалку посетени земји се Гвинеја, Молдавија, Индија, Сиера Леоне, Нигер, Етиопија, Чад, Мадагаскар и Мали.

На листата, исто така, се наоѓаат и земји што не ни сакате да ги посетите. И не само тоа. Буркина Фасо, Чад, Мали и Венецуела не се ни препорачуваат за туристички посети.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот