X
 27.08.2018 Култура

Најочекуваните ТВ-серии оваа есен





Пуканки
(Фото: Pixabay)


1. Murphy Brown


Во деведесеттите години беше популарна и ТВ-серијата со новинарката Марфи Браун, а гледачите се информираа преку нејзиниот сатиричен приказ на актуелните политички случувања. Дваесет години подоцна, политичките околности во САД повторно ја враќаат новинарката Браун (Кендис Берген) на малите екрани, оваа есен.   




2. Camping

Волт (Дејвид Тенант) и Кетрин (Џенифер Гарнер) не се баш најсреќниот брачен пар на светот. Се обидуваат да ја поправат ситуацијата така што одат на кампување по повод 45. роденден на Волт. Пријатниот викенд и враќањето во природа, како што си замислува опсесивно организираната Кетрин, станува викенд на искушување на бракот и пријателството кога на кампувањето им се придружуваат неповикани гости... Премиерата на оваа серија е предвидена за 14 ноември на Ејч-би-о.




3. The Romanoffs

По успехот со серијата „Mad Man“, американскиот сценарист Метју Вајнер оваа есен ќе се претстави со новата серија „The Romanoffs“, во која, во осум епизоди, се обработува приказната за прогонетото царско семејство Романови и погубувањето на неговите членови.

4. Homecoming

Хајди Бергман (Џулија Робертс) во почетокот ја гледаме како вработена во установа специјализирана за помош на војниците кои се враќаат во цивилниот живот. Потоа таа се откажува од таа професија и се враќа дома, во мало гратче, каде што живее со својата мајка и работи како келнерка. Кога ревизорот во министерството за одбрана ја прашува зошто ја напушти старата работа, Хајди сфаќа дека зад приказната што самата си ја раскажува постои друга, сосема различна приказна. Гледачите на оваа серија треба сами да откријат што ја натерало на таква драстична промена.




5. Single parents

Родителството знае да биде незгодна работа, но во пар секогаш е малку полесно. Оваа серија следи група дисфункционални самостојни родители кои водат паралелни битки при воспитувањето на децата и одржувањето каков-таков приватен живот. Американската премиера на оваа серија ќе се случи на 26 септември.




6. A million little things

Серија во која се зборува за милионите ситници од кои е создадено едно пријателство помеѓу повеќе пријатели од Бостон. Некои од нив се успешни, некои имаат проблеми во кариерата или во љубовните односи, но она што им е заедничко на сите е чувството на незадоволство во животот. Еден неочекуван момент ќе ги натера да подразмислат за својот животен пристап. Серијата ќе биде премиерно прикажана на 26 септември.




7. Maniac

Врз основа на истоимената норвешка хит-серија од 2014 година, „Нетфликс“ сними серија со црн хумор во чие средиште е приказната за двајца душевно болни луѓе со бујна фантазија. Премиерата е на 21 септември.




8. The Kominsky method

Сенди Комински (Мајкл Даглас) некогаш бил блескав актер, а денес е холивудски учител по глума. Дејството на серијата го следи животот на Комински и неговиот долгогодишен пријател и агент Норман (Алан Аркин) и нивното стареење во Лос Анџелес.

9. Jack Ryan

Рајан (Џон Красински) е аналитичар во подем во ЦИА кој открива образец во комуникацијата меѓу терористите. Поради тоа, се наоѓа среде својата прва и опасна теренска задача во која му помагаат Џејмс Грир (Вендел Пирс) и Кети Милер (Еби Корниш). Оваа серија на „Амазон“ ќе биде премиерно прикажана на 31 август. 

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура