Раните, конвенционални психолошки истражувања потврдуваа постоење на шест или седум основни емоции – среќа, изненадување, страв, гадење, гнев и тага. Презирот понекогаш се сметал за седма емоција.
Студија објавена во
Proceedings of National Academy of Sciences вели дека постојат различни категории емоции. Алан С. Ковен и Дачер Келтнер, доктори на науки и истражувачи на Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија, ги дефинираа следните категории емоции:
Восхитување
Обожување
Естетско признание
Забавување
Анксиозност
Страхопочит
Несмасност
Досада
Смиреност
Збунетост
Копнеж
Гадење
Емпатиска болка
Развеселеност
Љубомора
Возбуденост
Страв
Хорор
Заинтересираност
Радост
Носталгија
Романтичност
Тага
Задоволство
Сексуална желба
Симпатија
Триумф
Истражувачите користеле 2.185 различни кратки видеа кои покажувале спектар на емоции. Учесниците ги оценувале овие снимки и ги класифицирале во 34 различни емоционални категории. Студијата на крајот идентификувала 27 различни
емоционални категории, но исто така утврдила дека овие емоции не се јасни и одредени.
Ако ве интересираат вашите емоционални реакции, можете да ги споредите со оние на кратките видеа на
интерактивната мапа што ја објавија истражувачите.