Патувањето се враќа во стил! По пандемијата и кризата во Украина, се чини дека патувањето никогаш не било попопуларно на глобално ниво. Кои се патувачките трендови што ќе ја обележат 2023 година и што нѐ очекува во наредниот период?
Лошата вест на самиот почеток е дека патните трошоци и цените на производите ќе останат високи во новата година. Сепак, главниот заклучок што може да се види од анализата на веб-страницата „Кајак“ е дека патниците имаат намера повторно да го обиколат светот, а нема да ги спречи ниту нивната финансиска состојба.
Веќе се чувствува бранот на патници желни за патување, чии патувања предолго време им беа одбивани поради речиси тригодишните ограничувања поврзани со пандемијата или кризата. И покрај постојаното зголемување на цените, забележан е пораст на интересот за патување од 52 отсто во споредба со претходната година.
Резервации во последен момент
Друг тренд кој станува популарен е побарувачката за патувања во последен момент, особено за дестинации во странство. Никој не сака да резервира однапред, без оглед на практичноста на таквите аранжмани. Чувството на неизвесност поради сè што би можело да се случи, ризикот од нарушување на плановите поради околности кои се надвор од контрола на патникот, станаа минато.
Побарувачката за изнајмување автомобили опаѓа
Компаниите за изнајмување автомобили низ светот беа многу зафатени на почетокот на минатата година. Податоците на „Кајак“ покажуваат дека патниците сега помалку ќе изнајмуваат возила, што ќе доведе до пад на цените на ваквите услуги. Дополнително, има силен пораст на пребарувањата за изнајмување електрични возила, што покажува дека одржливоста на патувањето станува сè поголем приоритет меѓу патниците.
Опаѓа и побарувачката за удобни летови
Со оглед на тоа колку се полни авионите овие денови, концептот на „удобно летање“ може да изгледа апсурден. Според податоците, патниците што бараа дополнителен простор за нозете или поголемо седиште сега главно се одлучуваат за премиум економска или бизнис-класа на следното патување. Тоа е поевтино и поудобно, а таквите седишта се генерално подостапни.
Во игра се враќаат урбаните дестинации
„Кајак“ открива дека некои од најевтините летови следната година се насочени кон големите градови. По пандемијата и социјалното дистанцирање, време е повторно да се зближиме и да се дружиме. Сите поголеми градови се подготвуваат да примат туристи, а се очекува и поскапување на билетите за градовите во светот токму поради големиот интерес. Најпопуларниот тип одмор, освен класичниот летен или зимски, повторно ќе биде викенд-патувањето.
Фото: Freepik
Најпопуларните дестинации за 2023 година
Првпат девет од топ-10 дестинации се во азиско-пацифичкиот регион, што ја одразува огромната побарувачка за област во светот што беше во голема мера забранета среде пандемијата. Најпопуларните дестинации се:
1. Хо Ши Мин, Виетнам
2. Тајпеј, Тајван
3. Окленд, Нов Зеланд
4. Сингапур
5. Хонгконг
6. Мелбурн, Австралија
7. Бангкок, Тајланд
8. Токио, Јапонија
9. Сиднеј, Австралија
10. Тел Авив, Израел