За многумина од нас, приватен остров изгледа како нешто од холивудски филм. Меѓутоа, изнајмувањето приватен остров е можно дури и доколку не сте богати. „Травел тумороу“ составил листа со приватни острови кои може да се изнајмат за релативно мали суми.
Кабина на приватен остров во Бурос, Шведска
Оваа шведска кабина може да биде совршена за оние што сакаат да се одморат од светот. Нема вода и струја, но има фрижидер кој работи на гориво. Освен тоа, добивате 10 хектари приватен остров со прекрасен поглед. Сопственикот ќе ве однесе до островот со брод, а таму може да користите брод и кајак. Цените се движат од 157 евра за вечер нагоре. Сместувањето е за најмногу 4 гости.
Куќа на Фафарикулац, Хрватска
Оваа куќа се наоѓа на приватен остров со големина од 7.000 квадратни метри. До него се стигнува со приватен брод кој може да го користите и за време на престојот. Почетната цена за најмногу 6 гости е 199 евра за ноќевање.
Кабини во Купио, Финска
Може да изнајмите три кабини со сауна на приватен остров во Финска. Сместувањето може да се изнајми преку „Ербиенби“, а цените се движат од 175 евра за ноќевање нагоре. Цената е за најмногу 6 лица.
Куќа на Аутер Шип, Канада
Доколку сакате да се изолирате од остатокот на светот, ова е местото за вас. До островот може да стигнете само со кајак, а во кабината има само најосновни работи потребни за живот. Кабината може да се изнајми за 88 евра за ноќевање. Сместувањето е за најмногу четири гости.
Егзотичен остров во Хондурас
Овој приватен остров е најскап на листата, но ќе сакате да го посетите. Островот Форт Морган Кеј може да биде изнајмен за 273 евра по ноќевање. Цената се однесува на едно лице, а на островот може да престојуваат најмногу 20 гости.
Извор:
Travel tomorrow
Насловна фотографија: Airbnb